Зимата за многумина од нас е во нашите ретровизори. Но, пред да почнат да се горат гумите по асфалтот, еве една листа на совети, најдобро да се започне сезоната на уживање и возење со моторот.
Значи тука се 5 совети за подготовка пред првото возење во сезоната
1. Брз визуелен преглед на моторот пред се
- Осигурете се дека гумите се во добра форма, шарата е добра, и имаат правилен воздушен притисок
- Проверете го вашиот ланец и уверете се дека е правилно затегнат, ослободен е од 'рѓа, и ако е потребно подмачкајте го
- Тестирајте ги вашите сопирачки
- Проверете го маслото и течноста за сопирачките
- Прооверете го акумулаторот за да бидете сигурни дека има доволно енергија во него, и нема да ви прави проблем кога ќе се одалечите од домот :(
2. Чистење на опрема
Ако сте како поголемиот дел од возачите тогаш вашата опрема има доволно мртви инсекти од кои секогаш се привлекуваат разни чудни суштества. Одвојте време и темелно исчистете ја кацигата, панталоните и јакната. Не само што вашата опрема ќе се освежи, но вашите пријатели ќе уживаат да бидат во ваше присуство, а не да бегаат од вашата близина.
3. Проверете ја регистрацијата и осигурувањето
Нјачесто регистрациите на моторите се или на почетокот на сезоната или на крајот. Сепак проверете за да немате некаков проблем со полицијата доколку ве застанат на рутинска контрола. Исто така доколку имате некакво осигурување за Вас или за патникот, време е истото да се обнови.
4. Ментално подгответе се за првото возење
Сте биле исклучени од вашиот мотор неколку месеци, па време е тоа да се промени. Бидете сигурни дека треба да го промените начинот на размислување и возење како моторџија, а не како возач во автомобил. Ментална подготовка е клучот за добриот старт на секоја сезона, како и за секое возење,зошто таа ви обезбедува добри рефлекси кои се круцијални за сигурност на патот.
5. Тест возење
Силно препорачувам да се направи едно тест возење на позната патека заедно со некој пријател моторџија. На оваков начин можете да ги проверите гасот, кочењето, забрзувањето, трагот на гумите и др. Исто така осигурете се да го промените бензинот од минатата сезона зошто и тој може да ви прави страшни проблеми и нервоза.
Сега кога го проверивте моторот, време е да се соберете со вашите колеги љубители на патот и моторите и да започнете да го планирате вашите тури....