Еден шеесетогодишник од Тексас завршил во ургентен центар откако се пожалил на вртоглавица, а докторите кои го примиле се шокирале од тоа што го откриле. На истиот човeк му е измерено ниво на алкохол од 3,7 промили во крвта, што е многу пати повисоко од легалната граница, иако не испил ни капка алкохол тој ден. Докторот кој го примил изјавил дека пациентот можел да се доведе до состојба на пијанство во било кое време на денот, додека неговата сопруга купила персонален мерач на акохолот во крвта како би ја прателе ситуацијата, бидејки цело време алкохолот во крвта варирал но не се губел.
Локалните доктори мислеле дека пациентот лаже и дека скришно пие, но сепак еден доктор сакал да го испита случајот. Го држел пациентот 24 часа во изолација, дури го има спавено и на специјална диета, но сепак нивото на алкохолот во крвта му варирала околу 1,2 промили. После подолго истражување, докажано е дека пијанството кај овој човек е причинето од големата количина на пивскиот квасец кој го имал во стомакот. Впрочем, овој човек бил познат во својот крај по домашното пиво кое го правел, со поголема количина на пивски квасец. Ако се погледне колку пиво има испиено во текот годините, лесно може да се види дека во стомакот му останале големи наслаги на пивски квасец, кои во дебелото црево истите ферментитрале, и го претвориле неговиот стомак во пивара :). КОЈ ВИСТИНСКИ ЉУБИТЕЛ НА ПИВО НЕ БИ ГО САКАЛ ОВА БЕЗ РАЗЛИКА НА РИЗИКОТ. Ова не е прв таков случај. Во медицината е познат уште еден сличен но Јапонија, многу години пред овој случај, но докторите за жал во тој момент не ја откриле вистинската причина за симптомите.. А ВИЕ ОСТАНАТИТЕ ЗА ПИВО БЕЗ ПРОБЛЕМИ БУЈРУМ ВО ROXY!!! Да бидеме искрени! Техниологијата го промени начинот на кој комуницираме со останатите особи. Но прашањето е колку сме зависни од ова технолошко достигнување?!... Доколку првите 5 работи Ви беа интересни, ајде да видиме како ке бидете задоволни и со останатите 5 работи кои се интересни за ова култно кафуле.
6. Карол Кинг напиша песна за нив Првиот ресторан Хард Рок Кафе во Лондон брзо станал место за дружење на висок профил музичари, меѓу кои Карол Кинг. Таа ја докажала нејзината љубов кон ова свртилиште во песната "Хард рок кафе", објавена на нејзиниот албум од 1977 наречен "Едноставни Нешта". Според нејзиниот текст и видување, оригиналниот Хард Рок го има дефинирано "доброто дружење" и "телевизијата во боја", па јасно е како ова место станало икона за ноќниот живот. 7. Ерик Клептон прв донирал голем дел од сувенирите Слично како и КИНГ, еден во тоа време не толку познат гитарист по име Ерик Клептон бил редовен гостин во Хард Рок. Еден ден, тој го прашал Тигрет дали може да ја закачи својата гитара над омиленото место во ресторанит како би го "обележал местото" - и со тоа запопнала оваа манија во ресторанот. Само една недела подоцна, Пит Товншенд испратил една од своите гитари-секири со назнака "мое колку и негово! со почит, Пит". На овој начин е родена збирката на сувенири, но и долгогодишната кавга помеѓу Клептон и Товншенд. 8. Ресторанот ги поседува сувенирите на Мајкл Џексон, Мадона, Хендрикс и др... Гитарите на Клептон и Товншенд се богатство во денешно време, но местото се претворило во рок музеј, кога двајцата сопственици ги купиле скоро сите предмети од аукцијата со рок-тематика на Сотби во 80-те. Тука ги имаат земено венчаницата на Мадона "како девица", очила на Џон Ленон, легендатната V гирата на Џими Хендрикс, црвената јакна "Beat It" на Мајкл Џексон, многу училишни годишници на познатите и многу други работи, со кои ќе резултира колекција на 74.000 парчиња која ќе се собере во текот на годините. Поуката од оваа приказна: не се наддавајте на аукција доколку приметите дека на истата има претставник од Хард Рок персоналот ... особено доколку се облечени со карактеристичните црвени јакни. 9. Првиот келнер делува како меѓународен амбасадор Наместо да се користи со огромната скршена гитара како маскотата (безбедносни ризици!), Хард Рок ја користи својата прва келнерка. Рита Гилиган која била со компанијата повеќе од четири децении - а која Тигрет и Мортон ја превземале од далеку помал ресторан при основањето во 1971 година - како сопствен амбасадор и таа сега патува низ светот претставувајќи ги интересите на HRC. Без разлика на ангажманот во ресторанот таа е прекрасена ирска дама, која исто така, очигледно е блиска и со кралицата на Англија. 10. Ланецот е сега во сопственост на Семинолите Не фудбалскиот тим на државата Флорида - туку вистинските Индијанци племиња Семиноли. поврзаи се со Хард Рок од 2004 година, кога отвораат неколку хотели и касина во Флорида под име Seminole Hard Rock, и во 2006 година целосно го откупуваат логото и брендот како и рестораните за речиси 1 милијарда долари. Без разлика дали сте во Балтимор или Будимпешта, лeсно можете да ја забележите рекламата со огромната осветлена неонска гитара, и да знаете што може да ве очекува на ова место, а тоа се, добра храна, пиво, добро друштво, рок музика и најмалу една јакна во сопственост на Џорџ Харисон. Хард Рок Кафе е лесно препознатливо место насекаде во светот со својата уникатна комбинација на храната и музиката, но и приказните кои кружат за ова култно место, а Вие најверојатно и не сте ги знаеле.
1. Првиот ресторан од овој ланец е отво`рен во едно старо застапништво на Ролс-Ројс во Лондон Хард Рок Кафе, се појавува на сцената во Лондон во 1971 година и е дело на партнери Исак Тигрет и Питер Мортон, двајца американски иселеници кои сакале место каде што тие би можеле да уживаат во квалитетот и легендата на американските плескавици. Тие успеаја да го постигнат тоа со шест месеци закуп на простор во едно старо Ролс-Ројс застапништво. 2. Ко-основач инвестирал во ресторанот со парите од пластични играчки Исак Тигрет бил прилично познат во своето време - бил пријател со Исак Хејс и Ал Гор, напишал книга, служел во морнарица за време на Втората светска војна. Но најзначајниот и најпознатиот момент во неговата кариера е купувањето на патентот за играчката Glub-Glub птица за $ 800 во почетокот на 1950 година. Во текот на годините успеал да продаде 22 милиони од овие ефтини играчки и да направи завидно богатство. 3. Логото е дизајниран од страна на човек кој стои позади уметнички дела на многу познати музички икони За да се измисли Хард Рок логото, момците го ангажирале Алан Олдрич, во тоа време многу прославен уметник. Овој човек долги години работел со Битлси, има дизајнирано голем број на фанки корици на книги кои ги издавал Пингвин и корица за албум на Елтон Џон (captain Fantastic), а тоа се само мал дел од нештата со кои се поврзува. Тигрет и Мортон му побарале да се создаде амблем за нов бренд, кој бил инспириран од стариот знак Шевролет возилата. За разлика од поголемиот дел од работата по која е препознатлив Олдрич, конечното лого кое денес го препознаваме содржело за негов стил шокантно мал број на очи, срца, черепи, и флуросцентни бои. 4. Пол Макартни и Вингс настапиле во живо Хард Рок Концерти во живо се основата на организацијата на Хард Рок во денешно време, но во првите две години тоа и не било практика. Тоа се променило во 1973 година, кога Пол Макартни и Вингс направиле спонтан концерт како загревање на нивната турнеја во Велика Британија. За жал, не може да се потврди дали ресторанот го служел огромниот Вингс (крилја) хит во тоа време, или посетителите повеќе уживале во крилцата (wings) кои ги јаделе за вечера :) 5. Фудбалот ги има поттикнато нивните сувенири Исто како и приказната за пеницилинот, продажбата на препознатливите маици на империја Хард Рок Кафе започнала сосема случајно. Тигрет и Мортон одлучиле да го спонзорираат локален фудбалски тим во 1974 година, и се разбира играчите носеле маици со логото на ресторанот. Неколку од маиците им останале во резерва и тие ги вратиле во ресторанот и таму ги поделиле на некои од секојдневните муштерии. За среќа овие ги обожувале и со тоа побарувачката за маици пораснала толку што морале да отворат посебен дел за оваа роба. Бидете благодарни на фудбалот следниот пат кога ќе се пофалите со некои од Вашите СУВЕНИРИ кои сте ги купиле или добиле со логото на Хард Рок Кафе. Продолжува... Според некои истражувања направени на универзитети во Австралија и на Оксфорд, каде на доброволци им е дадено да пијат кафе во различни шољи, дојдено е до заклучок дека сините и безбојните, стаклени шољи го менуваат вкусот на истото.
Со ова откриено е дека сините шољи го прават кафето послатко, додека белите го задржуваат класичниот горчлив вкус. Ова се случува бидејки белата шоља ја истакнува кафената боја која е поврзана со горкиот вкус. Во истражувањата се користени по 36 волонтери кои кафето го пиеле од три различни шољи - и тоа, сина, бела и прозирна. Главниот автор и креатор на ова исражување д-р Џорџ Дорн, истакнува дека со ова се докажува како бојата делува на перцепцијата на вкусот, во овој случај на вкусот на кафето. Ова го имаат направено затоа што долги години ова се дебатирало од страна на сопствениците на кафулињата, како и од производителите на сервиси за кафе. Оваа теорија не е нова, а на таа тема направени се бројни други истражувања со кои и за други храни и пијалоци се докаува истото. На пример јагодите се послатки 10-15% кога се послужени во бел тањир за разлика ос тие послужени во црн тањир. Случајно налетав на оваа интересна филозофска приказна, па проичитајте ја и Вие и размислете за нејзината суштина...
"Кога ќе ви се чини дека ја губите контролата над сопствениот живот, кога 24 часа Ви се премалку, помислете само на тегла од кисели краставички... и не заборавајте на кафето. Професорот кој стоел пред студентите на почетокот на предавањето по фолозофија пред себа извадил неколку предмети. Кога самото предавање започнало, ја подигнал теглата од кисели краставички, ја наполнил со тениски топчиња и ги прашал студентите дали мислат дека теглата е полна. Студентите се сложиле со таа констатација. Во тој момент професорот земал кутија со ситни камчиња и нив ги ставил во теглата, малку ја протресол теглата со што камчињата го пополниле празниот простор помеѓу топчињата, и пак го поставил истото прашање. Дали теглата е полна. Студентите пак се сложиле. Потоа професорот земал кутија со песок и пак го направил истото, го истурил во теглата со што се пополниле и останатите празнини. Одговорот на прашањето пак бил дека теглата е полна. Тогаш професорот земал и шоља кафе и кога таа ја истурил во теглата, кафето се игубило во топчињата, камчињата, и песокот. На ова студентите почнале да се семат бидејки знаеле кое е прашањето како и кој е одговорот... Сега ... рекол професорот, сакам да разберете дека оваа тегла е Вашиот живот. Тениските топчиња се битните работи во Вашиот живот: семејството, децата, верата. Тоа се оние работи со кои животот секогаш ќе биде исполнет. Каменчињата ги претставуваат материјалните работи во Вашиот живот: работата, домот, автомобилот. Песокот... тоа се оние работи, оние мали работи со кои доколку ја наполните теглата ќе нема место за топчињата и каменчињата, што значи ако во животот ги потрошите времето и енергијата за малите небитни работи ќе немате време и место за оние кои се стварно важни. Грижете се за клучните работи за вашата среќа, играјте си со своите деца, водете го партнерот на патување и вечера, однесувајте се како да имате 18 години повторно... едноставно научете да уживате. За чистење на домот секогаш ќе има време, грижете се само за тенските топчиња, за работите кои се стварно важни, се останато е песок. Во тој момент една студентка прашала.... а која е приказната со кафето? Кафето ... рекол професорот... го ставив во теглата за да ви покажам дека без разлика колку и да мислите дека животото ви е исполнет и немате време, во него секогаш имате простор за едно кафе со пријателите!" Верувајте и на оваа вистина и повелете во Roxy да уживате со нас.... Уживањето во сладоледот е едно од најслатките сеќавања од нашето детство, бидејќи на ладните десерти им се радуваме и како деца и како возрасни. Но дококу мислевте дека знаете се за сладоледот - сте згрешиле... Еве неколку неверојатни факти за омилениот десерт кои не сте ги знаеле... 1. Корнетот за прв пат е направен во 1904 година и е претставен на светскиот саем во Сент Луис. Настанaт е сосема случајно кога на продавачот на сладолед му снемало хартиени чинии за сладолед и се сетил дека може да ги искористи витканите вафли од блискaта слаткара. 2. Првиот познат рецепт за сладолед е напишан во книгата на рецепти издадена од г-ѓа Ен Франшо во 1665 год. и имал вкус на цвет од портокал, цвет од мускатно оревче и амбра - специјална супстанција која се излачува од китовите. 3 Чоколадниот сладолед е измислен многу пред сладоледот од ванила, а за прв пат е забележан во книгата "Lo Scalco alla Модерна", која била објавена во Италија во 1692 година. 4 Сладолед од ванила денес е еден од вообичаените, но некогаш бил многу редок и егзотичен. Производството на овој вкус се усовршила во 19 век. 5. Професионалните фотографи многу често за сликање на сладолед користат компирово пире како замена за да добијат одлична слика. 6 Кога се јаде сладолед може да се случи силна и изненадна главоболка, које е предизвикана од ненадејно ладење на нервните завршетоци на непцата, кои му сигнализираат на мозокот дека телото ја губи топлина. 7 Професионалните дегустатори на сладолед овој посебен десерт го пробуваат со посебна златна лажичка која им овозможува да го осетат неговиот вистински вкус. Некои го сакаат млечниот вкус, други пак бескрајните миксови на свежи овошни доживувања. Доколку сакате да се опуштите со топка/ порција малина, шумско овошје, чоколадо, страчатела, малага, милка триолада, ванила или некој мих, повелете во Roxy Bar, бидејќи вкусовите се бескрајни. Ние можеме да Ви гарантираме едно одлично искуство со гооооооооолемата понуда на вашите омилени сладоледи. Значи дали ќе уживате во нашиот амбиент или со корнет ќе прошетате, дојдете да уживате во новите примамливи вкусови на ова деликатесно млечно задоволство... Потребни состојки:
превземено од http://www.kafepauza.mk/kafe-na-denot/ledeno-frapuchino-so-sladoled/ |
АвторBadi GAMC Архиви
October 2015
Категории |