Без разлика дали сте во Балтимор или Будимпешта, лeсно можете да ја забележите рекламата со огромната осветлена неонска гитара, и да знаете што може да ве очекува на ова место, а тоа се, добра храна, пиво, добро друштво, рок музика и најмалу една јакна во сопственост на Џорџ Харисон. Хард Рок Кафе е лесно препознатливо место насекаде во светот со својата уникатна комбинација на храната и музиката, но и приказните кои кружат за ова култно место, а Вие најверојатно и не сте ги знаеле.
1. Првиот ресторан од овој ланец е отво`рен во едно старо застапништво на Ролс-Ројс во Лондон
Хард Рок Кафе, се појавува на сцената во Лондон во 1971 година и е дело на партнери Исак Тигрет и Питер Мортон, двајца американски иселеници кои сакале место каде што тие би можеле да уживаат во квалитетот и легендата на американските плескавици. Тие успеаја да го постигнат тоа со шест месеци закуп на простор во едно старо Ролс-Ројс застапништво.
2. Ко-основач инвестирал во ресторанот со парите од пластични играчки
Исак Тигрет бил прилично познат во своето време - бил пријател со Исак Хејс и Ал Гор, напишал книга, служел во морнарица за време на Втората светска војна. Но најзначајниот и најпознатиот момент во неговата кариера е купувањето на патентот за играчката Glub-Glub птица за $ 800 во почетокот на 1950 година. Во текот на годините успеал да продаде 22 милиони од овие ефтини играчки и да направи завидно богатство.
3. Логото е дизајниран од страна на човек кој стои позади уметнички дела на многу познати музички икони
За да се измисли Хард Рок логото, момците го ангажирале Алан Олдрич, во тоа време многу прославен уметник. Овој човек долги години работел со Битлси, има дизајнирано голем број на фанки корици на книги кои ги издавал Пингвин и корица за албум на Елтон Џон (captain Fantastic), а тоа се само мал дел од нештата со кои се поврзува. Тигрет и Мортон му побарале да се создаде амблем за нов бренд, кој бил инспириран од стариот знак Шевролет возилата. За разлика од поголемиот дел од работата по која е препознатлив Олдрич, конечното лого кое денес го препознаваме содржело за негов стил шокантно мал број на очи, срца, черепи, и флуросцентни бои.
4. Пол Макартни и Вингс настапиле во живо Хард Рок
Концерти во живо се основата на организацијата на Хард Рок во денешно време, но во првите две години тоа и не било практика. Тоа се променило во 1973 година, кога Пол Макартни и Вингс направиле спонтан концерт како загревање на нивната турнеја во Велика Британија. За жал, не може да се потврди дали ресторанот го служел огромниот Вингс (крилја) хит во тоа време, или посетителите повеќе уживале во крилцата (wings) кои ги јаделе за вечера :)
5. Фудбалот ги има поттикнато нивните сувенири
Исто како и приказната за пеницилинот, продажбата на препознатливите маици на империја Хард Рок Кафе започнала сосема случајно. Тигрет и Мортон одлучиле да го спонзорираат локален фудбалски тим во 1974 година, и се разбира играчите носеле маици со логото на ресторанот. Неколку од маиците им останале во резерва и тие ги вратиле во ресторанот и таму ги поделиле на некои од секојдневните муштерии. За среќа овие ги обожувале и со тоа побарувачката за маици пораснала толку што морале да отворат посебен дел за оваа роба. Бидете благодарни на фудбалот следниот пат кога ќе се пофалите со некои од Вашите СУВЕНИРИ кои сте ги купиле или добиле со логото на Хард Рок Кафе.
Продолжува...