За разлика од точеното, флашираното пиво, не минува низ различни цевки и вентили со што не може да му се измени оригиналниот деклариран вкус, мирис и познато уживање.
Сепак, дали едното е подобро од другото, може само да биде заблуда, и голема дебата за добра пијачка и седенка бидејки, целиот овој момент е и те како ИНДИВИДУАЛЕН, според вкус и карактер на тој што го ужива. Значи, најчесто точеното пиво е посвежо, додека флашираното има помалку проблеми што се однесува до квалитетот и хигиената на складирањето и со тоа го зачувува оригиналниот вкус.
ЗАТОА, ајде наздравје и повелете во ROXY бар па да дискутираме на оваа тема :). Што ВИЕ мислите за ова?
Многумина мислат дека точеното пиво е поквалитетно од флашираното, но тоа и не мора да биде ВИСТИНА. Понекогаш (читај, во повеќето случаи) може да биде посвежо, но на овој фактор многу влијае и начинот на кој се чува. Воглавно треба да се чува во темни и ладни магацини, но ајде да расмислиме како се пренесува и каде стои во самите локали пред да биде поставено на машината за точење. Ова што сега го пишувам значи дека треба да се припази за да се зачува самата свежина на овој алкохолен пијалок. Неодржувањето на чистотата на магацинот (или местото каде се чува) истотака има голем фактор.